Максим Орешкин, економскиот советник на рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека руската економија би можела уште годинава да стане петтата економија во светот според паритетот на куповната моќ.
Зборувајќи на форум за образованието на младите, тој објасни дека неговите проценки се засновани на проекциите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за оваа година.
Доколку тоа се случи, следниот предизвик пред Русија ќе биде тоа да остане меѓу петте најголеми економии во светот, истакна Орешкин.
Поранешниот министер на Русија за економски развој изнесе проценка дека економското заздравување до нивото на вработеност и индустриското производството од периодот пред кризата ќе биде постигнато во следната година.