До 2012 година Русија би можела да произведува околу 11,65 милиони барели нафта и на тој начин да го собори рекордот на некогашниот СССР од пред 30 години. Во 1987 година, имено, дневно се произведувале 11,42 милиони барели нафта, објави деновиве агенцијата Bloomberg.
Според аналитичарите на Goldman Saks Grup Inc, „производството на нафта ќе расте и во наредните три години и ќе се зголеми за додатни 590 илјади барели, што вкупно ќе изнесува 11,65 милиони барели нафта дневно.
-Ние и натаму позитивно го оценуваме секторот за производство на нафта во Русија, – вели раководителот на аналитичката група на Goldman Saks, Гејдар Мамедов, додавајќи дека „руските нафтени корпорации, во моменталните услови, спаѓаат во малиот број корпорации кои со сигурност ќе ги реализираат зацртаните цели и без поголеми проблеми ќе ги исплаќаат дивидендите“.
Аналитичарите на на Goldman Saks нагласуваат дека „ОПЕК не успеа да освои план за ограничување на понудата на нафта на пазарот, па во таква ситуација Русија, како најголем светски извозник, во април годинава најави зголемување на својот извоз. Тоа значи дела „Росњефт“ ќе го зголеми производството, особено ако се земе предвид развојот на новите наоѓалишта во Сибир“.
Како што сметаат во Goldman Saks, во 2016 година производството на нафта во Русија ќе изнесува 11,21 милион барели дневно.Максималниот руски индикатор беше 11,06 милиони барели.Во 2017 година производството на нафта во Руската Федерација може да ја достигне бројката од 11,47 милиони барели нафта дневно.
Меѓутоа, како што пишува Bloomberg, во Меѓународната заедница за енергетика (EIA) сметаат дека во 2018 година нивото на производство на нафта во Русија, напротив, ќе падне на 10,94 милиони барели дневно.
Останува да се попричека за да се види која прогоноза ќе биде реална.