Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша (24.07.2023 година) Законот за воведување дигитална рубља и создавање соодветна електронска платформа.

Трансакциите во дигитална форма на руската национална валута ќе може да се вршат со помош на платформа чиј оператор ќе биде Банката на Русија, но нема да може да се користи за штедење и за добивање кредити.

Документот предвидува можност за пренос на правата на дигитална рубља, исто така преку тестамент, а оваа постапка ќе ја утврди Владата на Русија во договор со Банката на Русија.

Се очекува дигиталната рубља да дејствува како трета форма на пари заедно со готовинските и безготовинските рубли. Руските граѓани нема да бидат принудени да користат CBDC, а употребата на дигиталната рубља ќе биде доброволен избор оставен на поединците да одлучуваат.

-Никој нема да натера никого да влезе во дигиталната рубља. Но, навистина се надеваме дека ќе биде поудобно и поевтино и за луѓето и за бизнисите, и тие ќе почнат да го користат. Ова е нова можност, – порачува гувернерката на Банката на Русија, Елвира Набиулина

Според заменик-гувернерот на Банката на Русија, Олга Скоробогатова, владата не очекува масовно прифаќање на дигиталната рубља во Русија пред 2025 година или дури 2027 година.