Поддршката на државата ќе бидат во можност да ја искористат 90.000 странски компании
Малите и средни бизниси во Руската федерација, во кои повеќе од 49 отсто од сопственоста им припаѓа на странци, наскоро ќе бидат во можност да сметаат на поддршката на државата. Ваквата мерка е предвидено во нацрт-законот подготвен од страна на Министерството за економски развој, пишува бизнис изданието “Комерсант”.
Споменатата мерка, според нејзините подготвувачи, треба да привлече дополнителни инвестиции и да “формира нови технолошки линии” во земјата. Олеснувањата конкретно ќе бидат врзани со закуп на простории, оданочување, давање на кредити и ослободувања од плански контроли.
Како што е објаснето во министерството, во среден   бизнис спаѓаат компании кои имаат од 101 до 200 вработени, а на малиот бизнис припаѓаат претпријатија кои имаат до 100 вработени. Годишниот приход на средните бизниси не може да надмине 2 милијарди рубљи (31,4 милиони долари), а на малиот бизнис 800 милиони рубљи (12,5 милиони долари).
-Ова е голем чекор на патот кон развој и напредок на малите и средни бизниси. Убеден сум дека тоа ќе поттикне многумина на претприемничка активност и регистрација на нови компании , – вели Емил Мартиросјан, доцент во Институтот за бизнис и деловна администрација на Руската академија за народно стопанство и државна администрација (РАНХиГС).
Според податоците презентирани од страна на Министерството за економски развој на Русија има 103.000 мали компании во кои е вклучен странски капитал:
– во 13.800 компании странскиот капитал учествува до 49 отсто,
– во 15.500 од 49 до 75 отсто,
– во 73.900 тоа го надминува процентот од 79 отсто
Како резултат на тоа, со новиот нацрт-закон ќе бидат опфатени околу 90.000 компании од втората и третата категорија.
Се проценува дека планот за помош на средниот и мал бизнис најмногу ќе им користи на компаниите који се занимаваат со земјоделство.