Федералната служба за ветеринарна и фитосанитарна контрола (Россељхознадзор) го забрани увозот на српски круши во Русија од 14 февруари, вклучувајќи ги и испораките од трети земји, објави институцијата.
Како што нагласуваат од руската фитосанитарна инспекција на српската страна повеќе пати и било свртено внимание заради појава на овошје и зеленчук кое не е типично за Србија, а земјата го извезува во Русија.
Россељхознадзор воведе привремена забрана за увоз на свежи крушки со потекло од Србија од 14 февруари 2018 година, вклучувајќи ги и трети страни како испорачатели, сé додека не се направат експертски разговори и појаснување на состојбата со соодветните служби во таа земја, објави руската влада.
Како што Россељхознадзор претходно најави од 14 февруари забранет е и увозот на јаболка од 31 претпријатие од Белорусија.