Русија сериозно го зголемува извозот на алтернативни растителни масла, проценува рускиот Институт за развој на земјоделскиот пазар.
Тројно е зголемен извозот на масло од пченка, маслото од репка се реализира во Европа, а од соја – во Африка и Кина.
-Во периодот септември – ноември извозот на сончогледово масло достигна рекордни 450 илјади тони,- коментира експертот од Институтот, Даниил Хотко. Во споредба со претходната аграрна сезона забележан е раст на извозот од 80 отсто. – Главните пазари на кои се пласира маслото за јадење од сончоглед се: Турција, Египет, Узбекистан, Иран, Кина и Казахстан.
На второ место по обем на извозот е маслото од соја, кое посебно се цени од страна на корисниците поради отсуство на ГМО. На трето место е маслото од репка и 80 отсто од целото негово производство се пласира на странските пазари.