Претставниците на земјите богати со нафта, на состанокот во Доха, не се договорија за замрзнување на производството на „црното злато“, заради што цената на нафтата веднаш падна за околу 5 отсто.
Александар Новак, министерот за енергетика на Руската Федерација изјави дека „вратата не е затворена“ за замрзнување на нивото на производство на нафта. Но, истовремено тој изрази сомнеж дека големите производители на нафта ќе се договорат.
Во интервјуто за телевизијата НТВ тој ја оптужи Саудиска Арабија и другите земји од заливот дека ги „минирале“ разговорите во Доха.Според него, Руската Федерација е подготвена да се вклучи во замрзнување на производството доколку членките на ОПЕК се договорат.Русија не е членка на овој нафтен картел.
Од друга страна, рускиот министер Новак, рекол дека не предвидува дека сите големи производители на нафта, особено Иран, би го потпишале договорот за замрзнување на нивото на производство на нафта за да на тој начин ја зајакнат цената на „црното злато“ на светскиот пазар.
Рускотото стопанство многу зависи од извозот на нафта и нејзината цена. Руската валута деновиве изгуби повеќе од три отсто и падна на двонеделниот минимум.