Русија во 2016 година собра рекордна количина жито и житни култури во износ од 117 милиони тони, што претставува најголемо постигнување во последните 38 години, соопшти деновиве на тркалезната маса министерот за земјоделство на Русија, Александар Ткачев.
-Русија собра 117 милиони тони жито, тоа е најдобриот резултат последниве 38 години, Русија има добиено единствено во 1978 година – 127 милиони тони, – изјави Ткачев.
Според него, „ваквиот резултат успеавме да го постигнеме благодарение на порастот на родот, кој овие години се зголеми за 60% – од 1700 килограми по хектар на 2700 килограми по хектар, при што за истите 60% се намалија посеаните површини – од 74 милиони хектари на 47 милиони хектари“.
Претходно Министерството за земјоделство на Русија соопшти дека очекува жетвата да достигне 116 милиони тони на крајот на 2016 година.