Руските златни и девизни резерви достигнаа рекордни 600,9 милијарди долари, покажуваат податоците објавени од Централната банка на Русија.

-Девизните резерви се зголемија за седум милијарди долари или 1,2% во текот на само една неделата до 21 мај и изнесуваат 600,9 милијарди долари, – се вели во соопштението.

 Меѓународните резерви на Русија вклучуваат високо ликвидни средства, како што се монетарни резерви на злато, странски валути и фондови со посебни права на влечење, кои им се достапни на Централната банка на Русија и Владата.

Централната банка претходно го постави целното ниво на девизни резерви на 500 милијарди долари, а е над тоа ниво од јуни 2019 година. Минатата година девизните резерви на Русија пораснаа за 7,5%, достигнувајќи 595,8 милијарди долари до 1 јануари 2021 година.

Централната банка континуирано ги диверзифицира своите средства, намалувајќи го своето учество во американски долари во корист на златото и другите валути. Најновиот пораст на цените на златото го поттикна растот на девизните резерви на земјата на 600 милијарди долари за прв пат од минатиот август. Претходното историско највисоко ниво од 598,1 милијарди долари девизни резерви беше забележано во август 2008 година, пред светската финансиска криза.(Извор: „Русија денес“)