На најновата листа на „Forbes“ за 2016 година Русија има 88 милијардери, а Македонија двајца милионери – Јордан Камчев и Минчо Јорданов. САД и натаму е земја со најголем број милијардери. Веднаш зад САД се наоѓа Кина, додека во Европа првото место го делат Германија и Велика Британија со по 120 милијардери.Веднаш по нив се најбогатите луѓе од Руската Федерација.
Најбогат човек на светот и натаму е американецот Бил Гејтс, сопственикот на „Мајкрософт“, (со 84,2 милијарди долари), втор е шпанецот Армансио Ортега сопственикот на „Зара“ (73 милијарди долари), а трет вечниот инвеститор од САД, Варен Буфет (72,5 милијарди долари) газда на „Бекшире Хетвеј“. Следат Џеф Безос на „Амазон“ (70,3 милијарди долари), Марк Цукерберг газдата на „Фејсбук“ (53,8 милијарди долари), Лари Елисон на „Оракл“ (48,6 милијарди долари), мексиканецот Карлос Слим Хелу со телекомуникацискиот бизнис (48,4 милијарди долари), а потоа Чарлс и Давид Коч (со по 43,5 милијарди долари).На десетото место е французинот Бернард Арнаулт, сопственикот на LVMH (41,9 милијарди долари).

Најдобро пласиран руски милијардер е на 47 место по своето богатство. Тоа е Леонид Микелсон (18 милијарди долари) и се бави со гас и е етаблиран во хемиската индустрија. На 53 место е Алексеј Мордашов (16,3 милијарди долари), кој е во бизнисот со челик и е познат инвеститор од Југоисточна Европа. На 62 место е Генади Тимошенко (15 милијарди долари) кој е во бизнисот со нафта и гас, додека Алишер Усманов (14,9 милијарди долари) се бави со челик, телекомуникации и инвестирање и е рангиран на 64 место. Петти меѓу руските богаташи е Владимир Потанин (14,7 милијарди долари), и со својот бизнис со метали е рангиран како 89 на листата на милијардери на „Forbes“
„Forbes“ ги рангира и најбогатите на просторот на бивша Југославија. Во .Македонија прв на листата е Јордан Камчев, сопственик на „Orka Holding“, со 238 милиони долари вредно богатство. Втор е Минчо Јорданов, сопственик на „Макстил“ со 234 милиони долари.
Најбогатиот Македонец кој не живее во Македонија е Мајк Илиќ, основач на франшизата за брза храна „Little Caesars Pizza“, сопственик на „Detroit Red Wings“ и „Detroit Tigers“, со богатство од 6.1 милијарди долари.
Кај Словенците најбогати се Иза и Само Логин, парот кој заработи огромно богатство со апликацијата „Talking Tom Cat“. Нивниот имот се проценува на 700 милиони долари, а позади нив е Јоц Печечник, сопственик на „Interblock“, со богатство од 266 милиони долари.
Во Хрватска најбогат е хрватско-чилеанското семејство Лукшиќ, чија нето вредност изнесува 15 милијарди долари. После нив е австриско-хрватскиот милијардер Дитрих Матешиќ, сопственик на „Red Bull“, со богатство од 10.8 милијарди долари. После нив е Ивица Тодоровиќ, сопственик на „Agrokor“ со 499 милиони долари и Емил Тедеши, сопственик на „Atlantic Group“, со нето богатство од 208 милиони долари.
Во Босна и Херцеговина најбогати луѓе се Кенан и Дамир Хастор. Тие ги наследиле „Prevet“ и „ASA Group“ од нивниот татко и располагаат со 412 милиони долари. Позади нив е Изуддин Ахметиќ, сопственик на „HIFA Group“ со имот вреден 364 милиони долари.
Најбогатиот човек во Србија е Филип Цептер. Тој е основач на „Zepter International“. Иако не живее во Србија, тој има српско државјанство, а неговото богатство се проценува на 5 милијарди долари.Меѓу најбогатите луѓе во Србија е и Миодраг Костиќ, со потекло од Црна Гора, сопственик на „MK Group“ со нето богатство од 540 милиони долари. Единствениот човек од Србија, чија адреса е српска е Мирослав Мишковиќ, кој располага со 520 милиони долари.
Во Црна Гора, официјално најбогат човек е Таксин Шинаватра, поранешен премиер на Тајланд кој живее и работи во Црна Гора со имот вреден 1.61 милијарда долари. Второто најбогато семејство во оваа земја е семејството на премиерот Миле Џукановиќ, со имот од 167 милиони долари.(С.П.)