Руската Дума усвои закон кој не дозволува офшор компании и руски правни лица, контролирани од такви компании, да учествуваат во приватизацијата на државен или општински имот.
Ограничувањата важат за компании регистрирани во земји и територии кои обезбедуваат преференцијален даночен режим и кои не откриваат детали за финансиските трансакции. Листата на офшор зоните ги составува руското Министерство за финансии.
Државен имот не можат да купат и правни лица, контролирани од офшор компании.
Според законскиот документ офшор компании немаат право на трансакции или други дејствија со кои би се здобиле со контрола врз стопански субјекти од стратешко значење за одбраната и безбедноста на државата.
Офшор компаниите ќе мора да обезбедат согласност и при стекнувањето и на над 25 отсто од стратешки деловни субјекти, како и при купувањето на над 5 отсто од капиталот на компании со дејност од областа на истражување и екстракција на подземните богатства во области од национално значење.