Економијата на Руската Федерација бележи пад од 1,4% во првиот квартал на 2016 година, покажуваат првичните податоци на Министерството за економски развој.
-Има добри резултати во одделни индустрии, но како целина темпото на развој на економијата за жал останува негативен, – истакна премиерот, Дмитриј Медведев.
Тој посочи дека актуелната економска ситуација не е едноставна и властите продолжуваат да ги следат податоците. Медведев истакна некои позитивни случувања, како што се забавување на инфлацијата на годишно и месечно ниво. Покрај тоа, според премиерот, состојбата со невработеноста е генерално мирна.
Министерството за економски развој плаанира за годинава раст на БДП од 0,2 отсто.
-Без разлика колку страшна беше претходната година, генерално успеавме да ја стабилизираме ситуацијата во економијата и не дозволивме заострување на кризата, – изјави Медведев. Тој посочи дека биле донесени решенија кои помогнале за промена на економската ситуација во позитивна насока.
-Треба да се направи уште многу за да се надополнат позитивните случувања и да се изведе економијата од состојба на stand-by и да преминеме во режим на умерен раст, – подвлече премиерот.
Тој го земе во заштита Министерството за економски развој од критиките дека премногу често ги менува прогнозите.
-Во денешната ситуација која може, нека направи поточни предвидувања, – рече т