Никаква катастрофа нема да се случи во руската економија ако цените на нафтата се намалат повторно и се реализира ризичното сценарио на Централната банка во случај на цена на нафтата од 25 долари за барел, изјави шефот на Централната банка на Руската Федерација, Елвира Набиулина.
Шефицата на Централната банка на Русија Елвира Набиулина истакна дека основното сценарио на Централната банка е врз основа на просечните годишни цени на нафтата од 40 долари за барел.
-Ние разгледуваме и две други сценарија – ризично сценарио со цена на нафтата од 25 долари за барел и оптимистичко со цена до 55 долари за барел, – рече таа, говорејќи на семинарот за пратениците на „Единствена Русија“.
-Нашите пресметки покажуваат дека дури и ако биде сценариото со ниска цена на нафтата, се разбира, тоа ќе влијае негативно врз темпото на економскиот раст, но нема да има никаква катастрофа. Нашата економија и финансискиот систем и платежниот биланс во голема мера се прилагодени на овие ниски цени на нафтата, – рече Набиулина.
Шефот на Централната банка додаде дека во текот на повеќе од две години имало значајни промени кои ја направиле руската економија поотпорна на разни надворешни ризици. Покрај тоа, Набиулина истакна дека надворешниот долг на Русија во текот на овој период се намалил за 30%.
Во средата, на неформалниот состанок во Алжир, членките на ОПЕК се согласија да го ограничат производството на нафта, додека конечна одлука картелот планира донесе на крајот на ноември. Договорот на ОПЕК придонесе за значително зголемување на цените на нафтата, но недостатокот на детали од договорот предизвикува негативно расположение кај дел од инвеститорите. Во четвртокот, сурова нафта од марката „Брент“ првпат од 8 септември ја надмина психолошката граница од 50 долари за барел.
Во сенка на актуелните преговори и договори околи цената на нафтата, во Русија трае и постојана дебата за границите на овие минерални ресурси од чија експлатација и продажба се ачиментира добар дел од државната каса.Неодамна директорот на “Сбербанк” , Херман Граф, потсети дека Русија може да остане без нафта и гас до 2028-2030. година.
-Зборувам за период кога можеме да останеме без минерални ресурси. Моето мислење е дека тоа може да се случи во период од 2028. до 2030. година. Можеби грешам, но доколку ги земеме во предвид сите трендови кои ги гледаме денес, таквиот суров циклус за сировините е реален, па мора да се подготвиме за тоа, – рекол Граф.
Според зборовите на шефот на “Сбербанк”, целосната зависност од сировините е многу лоша за економијата. Сепак, се надева дека се поставени темели за промена на основите на економскиот раст на Русија.
-Треба да тежнееме кон нова динамика, да го менуваме тоа на кое економијата ни се заснова. Сега сè повеќе луѓе почнуваат да размислуваат за тоа. Експертите предупредуваа подолго време, и денес, изгледа дека луѓето на власт се прилично запознаени со оваа ситуација, – додава тој.
Ова не е прво предупредување на слично сценарио. Руското министерство за природни ресурси и заштита на средината предупредило дека Русија до 2044. година ќе остане без нафта, а дека производството ќе почне да паѓа во 2020. година.
-Нашите обновливи резерви на нафта се движат околу 29 милијарди тони. Тоа се резерви кои теоретски може да се извлечат од подлабоките слоеви на земјата. Таквите резерви ќе потраат уште 57 години, – изјавил на почетокот на оваа година министерот за природни ресурси Сергеј Донској, но предупредил дека количината на докажани резерви е двојно помала.
Русија има резерви на нафта и на природен гас најмалку за 40 до 50 години, изјави деновиве министерот за енергетика Кирил Молодсов, на маргините на форумот за гас што се одржува во Санкт Петербург.
-Имаме гас за уште најмалку 40 до 50 години, – изјави министерот, коментирајќи ја изјавата на директорто на „Сбербанка“, Герман Греф, за тоа дали резервите на енергентите би можеле да бидат потрошени од 2028 до 2030 година.