Надежите на руските индустријалците за рано излегување од долготрајна криза умираат. Растот ја губи динамиката, велат истражувањата на IHS Markit: PMI на производствените индустрии во август опадна на 51,6 поени од достигнатите   52,7 регистрирани за половина година. Вредноста над 50 поени укажува на зголемување на деловната активност, но се намали стапката на зголемување на производството и новите нарачки. Претприемачката доверба е на најниско ниво од јануари 2016 година, се вели во истражувањето.
Во првата половина од годината имаше повеќе или помалку забележлив раст, а сега  тој тешко може да се разликува од стагнација, вели Владимир Саљников, заменик-директор на Центарот за стратешки истражувања. По максималниот,  за период на пет години,  раст на  производството забележан  во мај од  5,6%,  во јуни тој спласна на 3,5%, а во јули – на 1,1% годишно. Ситуацијата може да се окарактеризира како “позитивна стагнација”, вели Георгиj Остапкович, директор на Центарот за истражување на пазарот при Институтот за статистички студии на Високата школа за економија.
Од друга страна, Министерството за економски развој го  дефинира ова забавување како привремен тренд. Веќе во август, производството ќе се нормализира, соопшти министерството, упатувајќи на производствениот индекс PMI во јули.
Но анкетите во август фиксираат зачувување на речиси нула раст на индустриското производство, вели шефот на тимот за истражувања на пазарот  Сергеј Цухло од Институтот Гаjдар: нискиот раст на продажбите и негативните очекувања за побарувачката ќе ги притиснат компаниите на  ограничување на растот на производството. По релативно просперитетниот период од јануари до јули 2017 година, во август беше исклучително тешко да се продаде на рускиот пазар. Затоа Сергеј  Цухло вели дека таквата слаба динамика на продажба не е забележана  од јули минатата година.
-Драстично се намали оптимизмот и побарувачката. Очекувањата на индустриалците опадна на петмесечно најниско ниво, иако мнозинството од нив сметаат дека побарувачката се уште е нормална во денешните тешки и нецелосно јасни услови за стопанисување. Инвестициските планови на индустријалците, исто така, не се нешто  оптимистички, – додава Цухло.
Поради бавното закрепнување на побарувачката, оптимизмот во преработувачката индустрија беше на најниско ниво во последните 19 месеци, покажуваат и податоците од IHS Markit.
-Ефектот на зајакнување на рубљата и растот на кредитирањето што ја поттикнаа побарувачката не ги даде очекуваните резултати, – објаснува Саљников.
Просечното ниво на искористеност на капацитетите се намали за 2%, објаснува Остапкович. Во просек во преработувачката индустрија искористеноста на капацитетите  е на нивото од 64%. Иако во август ќе остане во позитивната зона, стапката на раст ќе биде пониска во споредба со крајот на првата половина од годината.
Успесите на индустријата само делимично ги компензираа загубите од претходните години. За да се постигне стапката на раст како во 2012 година, ќе биде потребно најмалку една година, а кај производството на машини, опрема и градежни материјали – уште повеќе, велат експертите од Центарот за развој на Високата школа за економија. Постојниот модел на развој ја исклучува можноста за раст на производството во следната една или две години со стапки на раст близу до светскиот просек од околу 3%, смета Остапович. Ограничувања за индустријата се  слабите инвестиции и побарувачката на потрошувачите, ниска продуктивност, многу бавното закрепнување во поглед на реалниот приход на населението (во периодот јануари – јули се намали за 1,4%, според Росстат), како и високо ниво на несигурност. Дури и со позитивни трендови и со барем делумна елиминација на ограничувачките фактори, расположението на претприемачите може да стане позитивно, но не порано од една или една иппол година.
До крајот на годината растот на индустриското производство се очекува да  остане на  околу 2% (Министерството за економски развој прогнозира  за 2017 година раст од 2%) потсетува главниот  економист на БКС,  Владимир Тихомиров. Поради недостатокот на двигатели за раст на нетранспарентните сектори, стапката на раст на индустриското производсво  нема да надмине  од 2 до 2,5% годишно, предвидува и заменик-директорот на Центарот за развој,  Валериj Миронов.(„Ведомости“)