Амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија, Н.Е. Сергеј Баздникин беше во посета на општината Радовиш (2.12.2021 година).Во негова придружба беа Владимир Хрисанфов, советник за економски и трговски прашања во Амбасадата на Руската Федерација во земјава и м-р Дејан Бешлиев, извршен директор на Македонско-руската стопанска комора.

На протоколарната средба со градоначалникот на општина Радовиш,   Ацо Ристов, беа разменети мислења на повеќе актуелни теми, вклучувајќи ја економската состојба во државата и во општината,  како и можнстите за соработка помеѓу локалните и компании од Руската Федерација.Посебно беа разгледании можностите за набавка на опрема за модерно земјоделско производство, за програмите кои би можела да ги поддржи оваа амбасада,  како и за бизнис капацитетите со кои располага општина Радовиш за кои во иднина може да биде остварена соработка и инвестиции на компании од Руската Федерација.

Рускиот амбасадор Сергеј Баздникин ја посети компанијата „Бестфуд ТИ“ и „УАЗ Македонија“,  кои се вбројуваат меѓу најголемите извозно ориентирани компании во Радовиш. На средбата и при разгледување на производните и комерцијални погони на компаниите,  сопствениците го запознаа амбасадорот и гостите  за плановите на овие компании кои работат со руски компании и рускиот пазар, а во Македонија се застапници на брендот од руските возила УАЗ.

„Бестфуд ТИ“ е компанија која преработува зеленчук и овошје во стаклени тегли и лименки. Основана е во 1991 година како „Тргоинжењеринг“. Во палетата врвни производи  кои се пласираат на домашниот и светскиот пазар се  вклучени производи од зеленчук и овошје,  како што се: пиперки, црвени пиперки, ајвар, лутеница, листови зелка, пиперки од јаболка, печени пиперки, лути пиперки, феферони, корен од цвекло, зелен домат, сладок конзерва од слива, краставици – корнишони, карфиол, моркови , модар патлиџан…

Крсте Ѓорѓиев, соственикот на „Бестфуд ТИ“ и „УАЗ Македонија“, беше член на бизнис делегацијата од земјава која кон средината на минатиот месец, по пауза од речиси две години заради пандемијата со Ковид 19,  престојуваше заедно со дваесетина македонски деловни луѓе   во Санкт Петербург на директни средби со руските добавувачи и купувачи на храна.Во организација на Македонско-руската стопанска комора и во соработка со „Центр закупок сетеи“ од Русија се одржаа разговори и билатерални бизнис средби со руските партнери во функција на зголемување на економската соработка меѓу двете земји.

-Во Санкт Петерсбург не дочека срдечност, одлична организација и огромен интерес од страна на руските компании за македонските, вклучувајќи ги и нашите производи.Впечатоците се уште ги средуваме, но веќе имаме и неколку изгледни понуди за пласман на нашата производна палети на овој пазар, а тамошните разговори финишираат со постојани контакти.Ништо не може да ги замени директините средби на бизнисмените, – истакна Крсте Ѓорѓиев.