Федералната царинска служба на Русија соопшти дека рускиот извоз на нафта во периодот јануари-јули оваа година физички се зголемил , но приходот од извозот на нафта опаднал
Физичкиот обем на извезената нафта се зголемил, во споредба со истиот период минатата година за 5,5 отсто или од 140,589 милиони тони на 148,457 милиони тони.
Приходот од извозот на нафта, изразен во долари, се намали за 29,9 отсто на 39,4 милијарди долари, се вели во соопштението на Федералната царинска служба кое го пренесуваат руските медиуми.
Русија и Саудиска Арабија се согласија да формираат заедничка работна група за поддршка на стабилизирањето на пазарот на нафта и за долгорочно одржливи инвестиции во нафтениот сектор. Нафтениот пазар на овој договор реагираше со краткорочен раст на цената на нафтата, за да брзо потоа продолжи по старо во овој домен. Кон крајот на септември во Алжир е закажан Меѓународен енергетски форум на чии маргинит се очекува состанок на земјите-членки на ОПЕК, на кој,  иако не е членка, можно е да земе учество и Русија.
Руската влада на почетокот од овој месец објави дека приходите на рускиот буџет во однос на БДП на Русија опаднале на најниско ниво во последните 20 години и изнесуваат 13,3 отсто. Ова опаѓање се должи токму на намалување на приходите од нафта.