Руските банки се во стапицата на “новото нормално” со лоши потрошувачки кредити на рекордни височини, коментира американската агенција Bloomberg.
Иако нивото на ненаплатени потрошувачки кредити се стабилизирала по растот во текот на седум години, тој може да остане на нивото од 16 отсто, на што се задржува веќе 12 месеци, оценува американскиот кредитен проценител FICO.
-Тоа” ново нормално ” ја одразува еволуцијата на рускиот кредитен пазар, бидејќи доверителите се свртија од обезбедени кредити кон кредитни картички и другите производи кои носат поголем ризик, – вели Евгениј Шеманетјен, кој ја раководи активноста на FICO во Русија.
Корисниците на кредити го носат товарот од најдолгата рецесија во Руската Федерација во последните две децении, откако обезбедувањето на кредити се урна во позадината на валутна криза, а нивната способност за генерирање на сопствени приходи беше дополнително намалена од високите каматни стапки и двоцифрена инфлација во 2015 година Иако економијата веројатно ќе се врати на патеките на раст до крајот на годинава, падот на реалните приходи ќе продолжи да ја оптоварува способноста на луѓето да ги исплаќаат долговите, проценува Националното кредитно биро на Русија.
Индексот за кредитно здравје (Credit Health Index) на FICO, кој го мери кредитното здравје врз основа на бројот користени кредити ненаплатени преку 60 дена, е 90 поени во месец јули. Тој индекс останува без промена од јули 2015 година и е највисок откако се собираат податоци од 2007 година.
-Руските банки имаат обезбедено резерви за околу 90 отсто од ненаплатените кредити, тврди Александар Данилов, аналитичар во Fitch Ratings во Москва. -Доверителите, сепак, не одвоиле пари за кредити кои се реструктуирани и остануваат проблематични, создавајќи на тој начин уште поголем ризик.
VTB Group, втората најголема банка на Русија, во резултатите за своето работење за вториот квартал од 2016 година објави дека учеството на ненаплатени кредити во вкупните потрошувачки кредити е намален за 7,1 отсто до крајот на овој период, во однос на 7,2 отсто на крајот на март. Потрошувачките кредити се зголемиле за 4,2 отсто во првото полугодие од годинава.
Со враќањето на економијата на патот на растеж по рецесијата и стапката на ненаплатени кредити ќе започне да опаѓа, посочува Сергеј Вороненко, аналитичар во S & P Global Ratings во Москва.
-Повеќето од ризиците кај потрошувачките кредити во 2015 и во 2016 година беа поврзани со намалувањето или загубата на приходите на граѓаните, но не се издаваа масовно нови кредити, а банките требаше да емитираат резерви при јавувањето на проблеми, – вели Вороненко. – Сега гледаме дека портфолијата со потрошувачки кредити се стабилизираат, па е можен нивен раст со намалување на ненаплатените кредити до крајот на годинава.