Депозитите на населението во Руската Федерација пораснале за 4,2 отсто во 2016 година
Вкупната добивка на руските финансиски организации за 2016 година изнесува 930 милијарди рубљи (околу 19,7 милијарди долари), што е речиси пет пати повеќе во однос на 2015 година, кога сума достигнала 192 милијарди рубљи, – покажуваат податоците на руската централна банка.
Во 2016 година руските банки го зголемиле кредитирањето на правни лица за 9,5 проценти, а на физички – за 1,1 отсто.
Обемот на невратените кредити на корпоративниот сектор е намален за една година за 8,9 проценти, а на кредитите на малите фирми – за 0,7 отсто. Депозитите на населението се зголемиле за 4,2 проценти, а на компаниите се намалиле за 10,1 проценти.
Речиси двојно банките ги намалиле обемот на користење кредити од Централната банка.