Девизните резерви на Русија надминаа 623 милијарди долари и го обновија својот историски максимум, се наведува во извештајот на Централната банка на Руската Федерација.

-Обемот на девизните резерви заклучно со 29 октомври изнесува 623,2 милијарди долари, што претставува зголемување во текот на неделата за 1,6 милијарди долари или 0,3 отсто, главно како резултат на трансакциите за купување девизи во рамки на буџетските правила, –  се наведува во извештајот.

Претходниот рекорд беше поставен на 22 октомври со 621,6 милијарди долари.

Меѓународните (златни и девизни) резерви се високоликвидни девизни средства што ги чуваат Централната банка и Владата. Резервите се состојат од монетарно злато, посебните права на влечење (резервни средства за плаќање издадени од ММФ) и девизи.

Во средината на октомври, Сметководствената комора објави дека Русија е меѓу петте лидери во меѓународните резерви,  зад Кина, Јапонија, Швајцарија и Индија.