Без оглед на најмалите загуби на приносот од јачмен во 2017 година во Русија, значителното намалување на приносите во главните земји-извозници на оваа суровина ќе доведе до повисоки цени на пивото во Русија за приближно два пати, се вели во извештајот на фирмата H. M. Gauger GmbH.
Според извештајот, приносот на јачмен во земјите-извознички е сериозно намален. Најзабележително е во Австралија, каде што приносот на јачмен ќе биде за 42% помал во споредба со минатата година. Во исто време, во Русија ќе има само 3% помалку принос од јачмен, соопштува „Дни.ру“.
Министерство за финансии на РФ, во меѓувреме, има намера да воспостави минимална цена на пивото во износ од 45-50 рубли (40-44 денари). Оваа мерка има за цел да помогне во борбата против сивиот сектор на пазарот. Во моментов минималната цена на пивото изнесува 30 рубли (околу 27 денари).
Како што е изјави директорот на Одделот за даночна и царинско-таксена политика на Министерството за финансии на РФ Алексеј Сазанов, мерките за воспоставување на минималната цена на пивото ќе се преземат кога ќе се појави потребата од борба против „сивите“ производители на пиво.
Експертите, меѓутоа, претпоставуваат дека цената на увезеното пиво во Русија нема да порасне, пренесува „Известија“.