Во последните 25 години во Русија се откриени десетпати помалку нови резерви на нафта и гас отколку во претходните четвртина век, соопштува рускиот државен геолошки холдинг „Росгеологија“.

Резервите на нафта во Русија се доволни за наредните 30 години, соопшти геолошката корпорација „Росгеологија“.

Русија има резерви на нафта доволни за наредните 30 години, а резерви на гас за седумдесет, под услов експлоатацијата да продолжи со сегашното темпо, пренесуваат руските медиуми повикувајќи се на презентацијата на рускиот државен геолошки холдинг „Росгеологија“.

Во последните 25 години во Русија се откриени десетпати помалку нови резерви на нафта и гас отколку во претходните четвртина век, беше соопштено од овој ресор. Резервите во многу наоѓалишта од советската ера се при крај. Секторот за експлоатација обезбедува повеќе од 70 проценти од извозните приходи на земјата, така што поддршката на експлоатација е стратешка задача на Русија, соопшти „Росгеологија“. 

И од Федералната агенција за рудни ресурси „Роснедра“ се слушнаа прогнози различни од очекувањата на „Росгеологија“, но во насока на намалување. Тие сметаат дека рентабилни резерви на нафта во Русија при актуелните технологии за експлоатација има доволно за максимум 21 година. Најперспективен регион за истражување е западен Сибир. Нафтените наоѓалишта во Источен Сибир засега не се привлечни за учесниците на пазарот поради слабиот развој на инфраструктурата.

Од друга страна, пак, претседателот на управата на „Гаспром“,  Алексеј Милер е далеку пооптимистичен  и неодамна изјави дека Русија има резерви на гас за 100 години.

Русија има најголеми резерви на гас во светот и нема да има проблеми со оваа суровина во следните сто години, изјави претседателот на управата на „Гаспром“ Алексеј Милер.

Милер додаде дека некои наоѓалишта на полуостровот Јамал, кои во моментов ги експлоатира „Гаспром“, ќе бидат активни до 2132 година. Во врска со тоа, постојат големи можности за испорака на гас од гасовод, истакна тој.

Претходно беше соопштено дека резервите на гас во Русија за десет години се намалиле за 27%. До 2015 година, тие беа околу 70 трилиони кубни метри, а наредната година паднаа на 50 трилиони. Во 2020 година резервите изнесуваа 29,2 трилиони.

Со денешните технологии за експлоатација, Русија има профитабилни резерви на нафта само 21 година. Ова претходно го кажа в.д. претседателот на Федералната агенција за минерални суровини (Роснедра) Евгениј Петров. Притоа како најперспективен регион за истражување за резерви на нафта тој го наведе Западен Сибир.

Поранешниот претседател на „Роснедра“, Евгениј Кисељов, во мај изјави дека резервите на нафта во Русија ќе пресушат за 58 години, додека профитабилната продажба на нафта ќе биде можна само во наредните 19 години.(Руска Реч)