Министерот за енергетика на Русија Александар Новак на маргините на конференцијата за нафта зборуваше за резервите на нафта во земјата.
-Русија поседува едни од најголемите резерви на нафта во светот – околу 14 милијарди тони, а ако се земат и нетрадиционалните резерви, таканаречените тешки за црпење, тоа се уште околу 10 милијарди тони.
Министерот потенцираше дека Русија има колосални предности пред странските инвеститори.
Тој претходно соопшти дека резервите на нафта и гас што ги има Русија се доволни за повеќе од 50 години, а трошоците за производство изнесуваат вкупно 10-15 долари за барел.