Во месец април Република Македонија ја посетиле само 237 руски туристи, и тие се задржале во просек по два дена во земјава.Руските тусристи во Македонија оствариле 533 ноќевања, што е само 0,8 отсто од вкупниот број на ноќевањата што ги оствариле тиристите во земјава во април месец.Тоа само потврдува дека руските туристи се уште ја заобиколуваат земјава во екот на пронаоѓање на нови дестинации, по нивното пренасочување од земјите кои традиционално донеодамна ги посетуваа – Турција и Египет. Истовремено, информациите од Грција зборуваат дека плажите и културно-историските места во македонскиот јужен сосед рушат рекорди со посетите на руските туристи.
Колку е занемарлив нивниот број во земјава покажуваат и податоците на вкупната состојба во областа на туризмот.Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во април 2016 година изнесува 57 462, а бројот на ноќевањата изнесува 118 111. Бројот на туристите во април 2016 година, во однос на април 2015 година, е зголемен за 9.9%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 13.9%.
Бројот на домашните туристи во април 2016 година, во однос на април 2015 година, е зголемен за 16.6%, а бројот на странските туристи е зголемен за 7.0%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во април 2016 година, во однос на април 2015 година, е зголемен за 23.8%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 7.9%.
Во периодот јануари-април 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 14.4% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 17.9%, а кај странските има зголемување за 12.5%.
Во периодот јануари-април 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 18.6% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 27.7%, а кај странските има зголемување за 12.6%.
Најголеми посети од странските туристи бележи Скопје и езерските места. Најбројни се гостите од Турција, Србија и Бугарија. Од Турција допатувале 10.313 туристи , по нив следуваат Србите со 3.328 и Бугарите со 3.114 туристи.