Компанијата „Руски железници“ планира да се прошири во Србија и Грција, изјави првиот потпретседател на руското државно претпријатие Александар Мишарин.
Компанијата „Руски железници“ (РЖД) планира во рамките на развојот на работењето на Балканот во првата половина од годината да купи дел во една српска компанија чие име не се наведува, како и да основа заедничко претпријатие за железнички превоз во Грција.
Првиот потпретседател на „Руски железници“ Александар Мишарин изјави дека РЖД има во план во првата половина од годината да купи удел во една компанија во Србија која се занимава со одржување на инфраструктурата. Тој не прецизираше за која компанија станува збор, ниту пак за вредноста на зделката.
Она што е извесно е дека купувач ќе биде компанијата-ќерка на рускиот гигант „РЖД Интернешенел”.