Рускиот претседател Владимир Путин на 30.6.2017 година ја продолжи забраната за увоз на храна од западните земји до крајот на 2018 година, како одговор на санкциите што САД и ЕУ ги воведоа против Москва заради анексијата на полуостровот Крим.
Во претседателскиот декрет е наведено дека до „31 декември 2018 година…за да се одбранат руските национални интереси“, се продолжува забраната на увоз на повеќето прехранбени производи од западните земји, главно членки на ЕУ.
Указот на претседателот на Русија е објавен на интернет-порталот за правни информации. Тој стапува во сила од денот на неговото потпишување.
ЕУ во среда ги продолжи санкциите против Русија до 31 јануари 2018 година.