Индексот на трошоците на животот (според класификацијата COICOP) во април 2017 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.5, а индексот на цените на мало 100.1.

Пораст на индексите на трошоците на животот во април 2017 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладен зеленчук освен компирот за 15.8%, свежото и разладеното овошје за 11.7%, компирите за 4.1%, сувото овошје и јаткастите производи за 1.4%, јајцата за 1.2%, јогуртот за 0.7%, цигарите за 0.5%, другите преработки од месо, другите преработки од риба и морските плодови, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0.4%, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.3% и лебот за 0.2%.

Во април, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај теписите и другите прекривки за под за 2.8%, фотографската икинематографската опрема и оптичките инструменти за 2.0%, осигурувањето за 1.8%, канцелариските материјали и материјалите за цртање за 1.6%, обувките за 1.2%, велосипедите, градините, растенијата и цвеќињата, услугите за рекреација и спорт и услугите за сместување за 0.9%, игрите, играчките и хобија за 0.7%, поправката на електричните апарати за 0.6%, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.5%, услугите за одржување и поправки на станот, другите лични предмети и финансиските услуги неспомнати на друго место за 0.3%, облеката, големите електрични апарати, пакет-туристичките аранжмани, угостителските услуги и предметите за лична хигиена и здравје за 0.2%.

Намалување на индексите на трошоците на животот во април 2017 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај другите прехранбени производи за 1.3%, месото за 1.2%, замрзнатото овошје за 0.8%, алкохолните пијалаци за 0.5%, рибата и морските плодови за 0.4% и изнутриците за 0.3%.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај информатичката опрема за 7.2%, гасот за домаќинствата за 4.7%, течните горива за домаќинствата за 4.2%, телефон и телефакс опремата за 3.0%, болничките услуги за 2.5%, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 2.2%, текстилот за домаќинствата и патничките автомобили за 0.6%, алатите за опрема за куќа и градина, другите медицински производи и терапевтски апарати, услугите за култура и другите услуги неспомнати на друго место за 0.4%, средствата за чистење и одржување на станот и авионскиот превоз на патници за 0.3%.

Индексот на трошоците на животот во април 2017 година, во споредба со април 2016 година, бележи пораст од 1.0%, а индексот на цените на мало бележи пораст за 2.2%.(Државен завод за статистика)