Речиси секој петти граѓанин на Русија сака да емигрира од земјата, а секој четврти размислува за таквата солуција, – покажуваат резултатите на анкетата на независниот Levada centra.

Во споредба со март минатата година, тој број се зголемил, а како причини анкетираните ги навеле „подобрите услови за живот во странство“, „нестабилната економска состојба во Русија“, а на трето место – „желбата на сопствените деца да им се обезбеди достојна и сигурна иднина“.

Желбата за емиграција граѓаните ја објаснуваат и со „непостоењето на заштита од самоволието на чиновниците во Русија„ и со „политичката ситуација“, наведува Levada.

При тоа, 73 одсто од граѓаните никогаш не размислувале за иселување од земјата.

Социолозите сметаат дека бројот на граѓаните кои сакаат да ја напуштат земјата сепак е „недоволно голем“ за да се зборува за промена на расположението во општеството.

Генералниот директор на Levada Centra, Лев Гудков изјави за „Комерсант“ дека податоците на анкетата не ја отсликуваат реално желбата на одредени групи да се заминат од земјата, туку го покажуваат незадоволството од состојбата во земјата, која не се менува на подобро.

Според неговите зборови, по правило најмногу сакаат да си заминат од земјата младите луѓе кои би сакале да го видат светот и оние кои не ја гледаат сопствената перспектива во Русија.

Во анкетата која е спроведена во месец мај годинава се напоменува дека реално Русија  ја напуштаат 0,5 отсто од популацијата.