Според оценката на менаџерите, индикаторот на доверба во трговијата на мало во четвртото тримесечје од 2017 година е зголемен за 0.1 процентен поен во однос на претходното тримесечје, а зголемен за 1.2 процентни поени во однос на истото тримесечје од 2016 година.
Eкономската состојба на деловните субјекти во четвртото тримесечје од 2017 година е понеповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна во однос на четвртото тримесечје од 2016 година. Се очекува дека ќе биде понеповолна во наредните две тримесечја. Количеството на залихите е намалено во однос на претходното тримесечје.
Финансиската состојба во четвртотото тримесечје од 2017 година е поповолна во однос на третото тримесечје од 2017 година, оценката за очекуваните порачки за наредниот период е понеповолна, а очекувањата за бројот на
вработените се дека тој ќе се зголеми.
Продажните цени во четвртото тримесечје од 2017 година се зголемиле незначително во однос на третото тримесечје од 2017 година, а се очекува нивно намалување во наредните 3 месеци.
Најголемо влијание врз ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на четвртото тримесечје од 2017 година имале: слабата побарувачка од купувачите со 31.5%, зголемената конкуренција на пазарот
со 18.3%, недостиг на обучен кадар со 12.0% и зголемената понуда на пазарот со 11.1%.(ДЗС)