Руските власти им предложија на кинеските да изградат водовод со кој вода за пиење и наводнување од Западен Сибир би се испорачувала до автономната област Синкјанг Ујгур.
Заради топлите лета и многу малите врнежи регионот на Синкјанг Ујгур е често погоден со суши. Руската вода би била спас за населението, но и за компаниите од област на земјоделството во оваа кинеска област. За Руската Федерација тоа би значело можност за извоз на поголеми количини на вода.
Транспортот на водата би се вршел преку Казакстан, истакнал за „Раша Тудеј“ рускиот министер за земјоделство, Александар Ткачев.
-Во блиска иднина за реализацијата на овој проект ќе извршиме консултации со нашите казакстански колеги, – додал Ткачев.
Тој предложил одржување на средба помеѓу руските и кинеските стручњаци на кој би биле договорени сите елементи околу реализацијата на водоводот.Со него Русија би можела на Кина да и испорачува годишно 70 милиони кубни метри вода. (РТ)