Идејата за изградба на гасовод во Бугарија, кој ќе биде најголем во југоисточна Европа, со вертикални и хоризонтални гасоводни цевки (Бугарија – Грција – Романија и Бугарија – Србија – Унгарија), кој е планирано да стане јужна варијанта за енергетско снабдување на целата ЕУ, се роди кон почетокот на 2015 година, веднаш откако Русија се преориентира од „Јужен“ кон „Турски поток“.
Европската комија го прифати бугарскиот предлог, исто така и соседните земји немаа забелешки.
Остана да бидат решени само два проблеми: да се најдат инвеститори и да се решение од каде ќе се зема гас, во случај руското гориво цело да потече кон Турција.
Евентуалните алтернативи за достава на гас од Азарбејџан, Туркменистан или Иран се уште се проучуваат, како и доставувањето на течен природен гас со танкери до грчкото пристаниште Александруполис, посочува „Новаја газета“, и пишува дека прашањето за доставата „виси во воздух“.
Софија се уште има шанси да добие руски гас, бидејќи Турција нема потреба од четири цевки и ќе користи само две, една за домашна потрошувачка и друга за снабдување во Европа.
Тоа означува двојно помала количина од таа која рускиот „Газпром“ би сакал да ја доставува преку „Јужен поток“, околу 29 спротивно од 63 милијарди кубика гас годишно. („Новаја газета“)