Во општина Карпош отворена e првата „Баланс+ зона“ во која има повеќе фитнес-справи. Зоната е подарок од компанијата „Бимилк“, членка на Македонско – руската стопанска комора, во знак на подигнување на свеста за спортот и за здравиот начин на живеење.
– „Balans+ зона“ е само уште еден доказ дека главниот фокус на нашата компанија е здравјето, и тоа не само преку обезбедување здрави млечни производи за нашите потрошувачи, туку и преку континуирана поддршка на рекреацијата и спортот. Во денешново динамично живеење, од огромна важност е да остваруваме баланс помеѓу семејството, работата и времето посветено за себе и затоа веруваме дека ова спортско катче ќе помогне во остварувањето на потребниот баланс, а, меѓу другото, ќе обезбеди и уживање за сите генерации – вели Полексена Јанкуловска, маркетинг менаџер во Бимилк.

Отворена првата „Баланс+ зона“ во општина Карпош

 Основната порака на Balans+ е поттикнување на здравата и правилна исхрана, како и балансиран начин на живот и редовни спортски активности.
-Верувам дека заедно со Општина Карпош, преку оваа зона, вистински ќе влијаеме за создавање здрави навики. Бидејќи среќните и здрави лица се наш мотив за секојдневно унапредување, иновирање и задржување на лидерската позиција,- додаде Јанкуловска.
Градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев изјави дека освен граѓаните на Карпош, придобивки од овој проект ќе имаат и другите рекреативци на градскиот кеј.
– Ова е вистински пример за општествена одговорност, за подигнување на квалитетот на живеење на целокупната заедница и поттикнување на здравиот начин за живот бидејќи примарната цел е да се развиваат здравите навики кај сите граѓани и да имаме дополнителен простор за физичка активност според сите стандарди и критериуми, рече Богоев.
Oд компанијата најавуваат дека и Битола наскоро ќе добие своја „Баланс+ зона“.