Есенските денови донесоа помал број на руски туристи во земјава.Во октомври во Република Македонија престојувале само 607 гости од Руската Федерација, што е само 1,1 отсто од вкупниоит број на туристи што се регистрирани во овој месец во земјава.
Туристите од Русуја се задржале и кусо.Статистичките податоци велат дека тие во просек престојувале по две дена.Оствариле 1.218 ноќевања, што е само 1,2 отсто од вкупниот број ноќевања што го оствариле странските туристи.
Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот бројот на туристите во октомври 2017 година во Република Македонија изнесувал 77 779, а бројот на ноќевањата изнесувал 165 748.
Бројот на туристите во октомври 2017 година, во однос на октомври 2016 година, е зголемен за 12.1%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 6.4%.
Бројот на домашните туристи во октомври 2017 година, во однос на октомври 2016 година, е намален за 5.3%, а бројот на странските туристи е зголемен за 21.1%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во октомври 2017 година, во однос на октомври 2016 година, е намален за 5.9%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 15.4%.
Во овој месец најголем број туристи се регистрирани во Скопје, кое го посетиле 26.190 странски туристи, а најбројни биле туристите од Турција, Грција и Србија.
Во периодот јануари-октомври 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 16.3%, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6.0%, а кај странските има
зголемување за 23.4%.
Во периодот јануари-октомври 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 12.0%,и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 4.8%, а кај странските има
зголемување за 22.0%.