Со почетокот на летниот период се зголемува бројот на туристите од Руската Федерација кои ја посетила Република Македонија.Во месец мај во земјава престојувале 651 руски граѓани, што е 1 отсто од вкупниот број на туристи евидентирани во овој период.Тие во просек престојувале во Република Македонија по две ноќи.Остварени се 1379 ноќевања од страна на руските туристи, што е 1,1 отсто од вкупниот број на ноќевања што ги оствариле странските туристи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во мај 2017 година изнесува 96 334, а бројот на ноќевањата изнесува 199 974.

Бројот на туристите во мај 2017 година, во однос на мај 2016 година, е зголемен за 11.7%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 16.0%.

Бројот на домашните туристи во мај 2017 година, во однос на мај 2016 година, е зголемен за 22.5%, а бројот на странските туристи е зголемен за 7.2%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во мај 2017 година, во однос на мај 2016 година, е зголемен за 27.2%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 9.8%.

Во периодот јануари – мај 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 11.0% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 13.2%, а кај странските има зголемување за 9.9%.

Во периодот јануари – мај 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 11.8% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 10.1%, а кај странските има зголемување за 12.9%.

Најголемиот број на странски туристи што ја посетиле земјава се од соседните земји и од Турција.