Во јуни 2017 година во Република Македонија се издадени 230 одобренија за градење што е за 16.1% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 806 255 илјади денари што е за 13.6% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 158 (68.7%) се наменети за објекти од високоградба, 19 (8.3%) за објекти од нискоградба и 53 (23.0%) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 230 објекти, на 155 (67.4%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 75 (32.6%) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 927 станови со вкупна корисна површина од 68 433 м2.( Државен завод за статистика)