М-р Дејан Бешлив, извршен директор на Македонска-руска стопанска комора оствари средба со Љупчо Николовски, новиот Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во Владата на Република Македонија.Во разговорот во министерството, м-р Дејан Бешлив го запозна министерот за активностите што ги презема Македонска-руска стопанска комора во правец на развојот на економските релации со Руската Федерација и какви услуги им дава на своите членки во тој правец.

Средбата беше искористена со домаќинот, министерот Љупчо Николовски, да се разменат и мислења за состојбите во земјоделството и за можностите за зголемување на пласманот на македонски земјоделски производи на големиот руски пазар.

И м-р Дејан Бешлиев и министерот Љупчо Николовски заеднички закључија дека оваа средба ќе биде почеток на меѓусебна натамошна соработка во интерес на македонското земјоделство и остварување на што поголем извоз.