Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, оствари работна средба со амбасадорот на Руската Федерција во Република Македонија, Олег Шчербак. На средбата министерот Сугарески го информира рускиот амбасадор за инфраструктурните проекти што се реализираат во Република Македонија.
Министерот ги потенцира проектите за изградба и реконструкција на патната мрежа во Република Македонија. Исто така, амбасадорот се запозна и со проектите што ќе се реализираат во следниот период во делот на доизградба на железницата на Коридорот 8, и тоа проектот за изградба на пругата кон Албанија, како и доизградба на пругата кон Бугарија.
-Средбата што ја имав со рускиот амбасадор беше од исклучително значење бидејќи го информирав за проектите што ќе се реализираат во Република Македонија во следниот период. Ова е добра можност подетално да се информираат сите заинтересирани руски компании за учество во реализација на планираните проекти, –  изјави Сугарески.
Министерот Сугарески изрази благодарност за досегашната соработка со Руската Федерација и ја нагласи потребата од продлабочување на добрите односи и зајакнување на меѓусебната соработка меѓу двете земји.