Индексот на бројот на работниците во индустријата во април 2017 година, во однос на април 2016 година, изнесува 100.5.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во април 2017 година, во однос на април 2016 година, бележи опаѓање од 0.1%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 0.6%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0.6%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во април 2017 година, во однос на април 2016 година, бележи пораст кај Енергија за 0.7%, Интермедијарни производи, освен енергија за 2.1%, Капитални производи за 10.7% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 4.7%, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.1%.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – април 2017 година, во однос на периодот јануари – април 2016 година, изнесува 100.4.(Државен завод за статистика)