Македонската балерина Стефанија Гаштарска е првата Македонка којa стана дел од ансамблот на рускиот театар „Бољшој“ во Москва.

Осумнаесетгодишната балерина од Скопје настапи на сцената на овој театар уште пред две години во улога на принцезата Аурора од балетот „Заспаната убавица“.

Гаштарска заврши основно музичко училиште во „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, а средното музичко училиште го заврши во Русија. Таа е првата македонска балерина која своето образование го заврши во престижната Бољшој балетска академија со најдобрите оценки.

Една година завршила во Пермското балетско училиште во Русија и благодарение на својот тален школувањето го продолжува во врвната Московската Болшој балетска Академија.

Интересен е фактот што таа е единствена во историјаа на македонскиот балет која е примена и се школува  во руски клас. Првата година во ова најпрестижно училиште ја завршува како најдобар студент и добива специјална диплома, која го краси нејзиниот дом благодарение на петките по сите 22 предмети, како и поради успешните настапи во Кремлин дворецот и Болшои Театарот со одграни соло улоги.

„Со балетот започнав кога имав 9 години. Мајка ми е балерина, така што многу често користев да одам да ги гледам пробите во театар, претставите и наставата, потоа тука се многуте видеа на Јутјуб и се заљубив во балетот: убавите костими, неверојатната класична музика, чекорите, кореографијата, сцената… чувствував дека тоа е сон… убав нов свет за кој не зnаат сите луѓе… и имав само една цел: ДА БИДАТ ПРИМА БАЛЕРИНА НА БОЛШОЈ ТЕАТАРОТ. Знаете исто како сите други деца, но јас бев мртва сериозна за тоа.“ – вака ја започна својата приказна во статусот кој го сподели на Фејсбук. 

Нејзиниот детски сон денес е реалност, а тоа официјално го потврди театарот кој е сон на секоја балерина.