До крајот на мај странските инвеститори вложиле 36,88 милиони евра помалку споредно со истиот период лани. Последните податоци на Народна банка на Република Македонија покажуваат дека во периодот јануари-мај како директни странски инвестиции биле книжени 160 милиони евра. Лани до мај во Македонија беа евидентирани 196,91 милион евра.
Годинава најголем пад има во јануари, кога салдото на директни странски инвестиции е негативно, односно биле извлечени 9 милиони евра повеќе Според најновите податоци на Народната банка на Република Македонија најмногу пари влегле во февруари и март (50 односно, 64 милиони евра), а во јануари имало негативно салдо односно одлевање на капитал во вредност од 9 милиони евра.
Минатата година Македонија ја заврши со вкупни директни странски инвестиции од 358 милиони евра.
Гледано по години, во земјава странците најмногу инвестирале во 2007-та кога влегле 506 милиони евра. Во 2008-та инвестициите достигнале 400 милиони. Но, по светската економска криза има нагло опаѓање – во 2009-та биле само 145, во 2010-та 161, во 2011-та 344, во 2012-та 111 милиони, во 2013-та 252 милиони, во 2014-та 205 милиони, во 2015-та 216 милиони евра.отколку што биле внесени како инвестиции.
Владата најави нови правила за привлекување странски инвеститори, кои ќе бидат познати во септември.