Висок раст на македонската трговија со Руската Федерација во првиот месец од оваа година од дури 58,7 отсто.Компаниите од двете земји оствариле вкупна трговија во висина од 24,1 милиони САД долари (лани во јануари 15,2 милиони САД долари).На рускиот пазар се пласирани македонски стоки за 4,1 милиони САД долари, што значи дека извозот пораснал за 5,6 отсто (ланскиот јануари 3,9 милиони САД долари).Меѓутоа, на стартот од оваа година, највисок раст бележи македонскиот увоз од Руската Федерација која ја достигнал вредноста од нешто над 20 милиони САД долари (во јануари 2021 година 11,3 милиони САД долари).Увозот процентуално бележи скок од 77,1 отсто.

Заради ваквите движења во трговската размена меѓу двете држави, Република Северна Македонија на стартот од оваа година бележи трговски дефицит во висина од 15,8 милиони САД долари.

Инаку, во првиот месец од годинава според претходните податоци на Државниот завод за статистика, земјава остварила вкупна трговија со светот во висина од 1,53 милијарди САД долари.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во јануари 2022 година, изнесува 618,1 милиони САД долари и бележи пад од 3.6 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 913,3 милиони САД долари, што е за 20.4 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во јануари 2022 година, изнесува 295 185 илјади САД долари.

Покриеноста на увозот со извоз, во јануари 2022, изнесува 67.7 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и деловите на седишта од подгрупата 821.1. Во увозот се најмногу застапени електричната енергија, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени.

Во јануари 2022 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Бугарија и Србија.