Во трговијата на мало, во јуни 2017 година, во споредба со јуни 2016 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 8.0%, а реално за 6.0%) и Трговија на мало, со автомобилски горива (номинално за 8.7%, а реално за 8.6%).
Намалување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 10.2%, а реално за 9.3%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 2.2%, а реално за 3.2%).
(Државен завод за статистика)