Металуршката компанија „Макстил“, членка на Македонска-руската стопанска комора, во период од први јануари до 31-ви март годинава, оствари вкупна добивка во висина од 2.164.000 денари.

Како што покажува билансот на успех објавен на Македонска берза за хартии од вредност истиот период лани, компанијата го завршила со добивка од 1.315.000 денари.

Така, вкупните приходи од продажба на „Макстил“ достигнале 773, 86 милиони денари.

Од нив на домашен пазар се реализирани околу 190,75 милиони денари, додека поголемиот дел од 583, 11 милиони денари е остварен на пазари во странство.

Што се однесува на приходите од продажба во текот на првите три месеци од минатата година беа 811,3 милиони денари.