Обемот на стоковната размена на Република Македонија со Руската Федерација продолжува да расте во сите сегменти и во првиот месец од годинава. Двете земји во јануари меѓусебно истргувале стока во вредност од 15,59 милиони САД долари (лани 13,65 милиони САД долари) што е пораст од 14,2 отсто.
Македонскиот извоз во Русија во овој период пораснал за 6,7 отсто.Компаниите од земјава на тој пазар продале стока во износ од 1,84 милиони САД долари (лани 1,73 милиони САД долари).Истовремено од Руската Федерација е набавена стока во износ од 13,74 милиони САД долари (лани 11,99 милиони САД долари), што е раст од 15,3 отсто.
Со оглед на ваквиот дебаланс меѓу македонскиот извоз и увоз, Република Македонија во јануари годинава бележи трговски дефицит во трговијата со Руската Федерација во износ од 11,89 милиони САД долари.
Кога ќе се погледни вкупниот обем на трговската размена на Република Македонија со светот во јануари може да се забележи дека тој изнесува 1,19 милијарди САД долари.
Притоа, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во јануари 2018 година, изнесува 514,63 милиони САД долари и бележи пораст од 47.1 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, пак, во истиот период, изнесува 683,91 милиони САД долари, што е за 42.7 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит на Република Македонија во јануари 2018 година, изнесува 169, 28 милиони САД долари.
Покриеноста на увозот со извоз, во јануари 2018 година, изнесува 75.1 %.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.
Во јануари 2018 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Бугарија и Србија. (С.П.)
Обем на размената, I 2018 |
Покриеност на увозот со извоз |
60 329 895 илјади денари |
75.1 % |
980 742 илјади евра |
75.1 % |
1 198 543 илјади САД долари |
75.2 % |