Меѓусебните забрани за увоз на прехранбени производи меѓу Русија и Турција не се одржливи и на крајот ќе ги погодат земјоделците и потрошувачите на двете земји, изјави министерот за земјоделство на Турција, Фарук Челик, цитиран од Bloomberg.
Турција, како што истакнува тој, која го ограничи увозот на некои земјоделски производи од Русија како одговор на таквата политика против турските земјоделски производи, се надева на примирје меѓу двете земји, изјави министерот Челик во интервју од Истанбул.
– Потребни сме еден на друг, – споменал тој. Турција е вториот по големина купувач на руска пченица и главен извозник на свежи производи во Русија. Ограничувањата беа наметнати кон крајот на 2015 година, кога Турција собори руски борбен авион во близина на границата, поради што Русија воведе забрана за увоз на некои прехранбени производи. Односите почнаа да се подобруваат, но во последно време тие повторно се влошија, бидејќи Русија не ги симна ограничувањата на увоз на некои стоки, како, на пример, за домати, краставици и јаболка. Ако не го решат спорот наскоро, руските потрошувачи ќе плаќаат повисоки сметки за прехрамбени производи, а турските фармери ќе заработуваат помалку, изјави Челик. Турските земјоделци го продаваат своето производство на извозници во други земји за пониски цени, рече тој. Извозниците потоа ја испорачуваат храната во Русија, што доведува до повисоки цени за потрошувачите, додаде тој. – Ние би го прифатиле решенито Русија да произведува свои стоки, но ако ги увезува од странство, подобро да продолжи да тргува директно со Турција, како во старите добри денови, – рече Челик. – Ова ќе биде победа, како за турските фармери, така и за руските потрошувачи”.