Франција во првиот овогодишен квартал ја задржала водечката позиција меѓу странските компании инвестири во Русија.
Таа во овој период во земјата која е под санкции инвестирала 797 милиони долари, изјавил деновиве генералниот директор на Француско-руската стопанска комора CIFR, Павел Шински.
Според неговите зборови, Франција трета година по ред е најголемиот странски инвеститор во Руската Федерација, и покрај економската криза со која Русија моментално се соочува.
-Во овој овогодишен квартал, Франција инвестирала 797 милиони долари во руската економија, Германија 350 милиони долари, а САД 130 милиони долари, – изјави Шински, додавајќи дека Франција веќе долго време е најголемиот работодавец во Русија, пред се благодарение на компаниите како што е трговскиот ланец „Auchan“ и француските банки.
-Тие вработуваат повеќе од 130.000 работници, а работат од Калињинград до Владивосток. Од воведувањето на санкциите, ниедна од околу 6.000 компании кои се присутни во Русија до денес не ја напуштила земјата, – изјави Шински.
-Неопходно е, сепак, подобрување на деловната клима во Русија, – додава тој.
Според податоците на CIFR, вредноста на француските инвестиции во Русија минатата година надминала милијарда долари.