Емисионите вредности на цврсти честички од „Макстил“, членка на Македонско-руската стопанска комора,  се далеку под граничните емисиони вредности пропишани од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Ова го потврдуваат мерењата на двете контролни точки и во двата погони, каде покажаните вредности се значително пониски од пропишаните. Мерењата се правени во првите шест месеци од годината, од јануари до јуни, во период кога компанијата постојано работеше и имаше производство.

На мерната точка „Оџак од филтер постројка“ најниската измерена вредност е 0,59 mg/Nmво месец февруари, највисоката во јуни и изнесува 2,47 mg/Nm3, а пропишаната граничната емисиона вредност е 20 mg/Nm3. Додека пак емисионите вредности на цврсти честички на мерна точка „Оџак на Пескара“ каде граничната емисиона вредност е 30 mg/Nm3, најниски вредности забележани се во јануари 0,32 mg/Nmа во јуни изнесувале 1,92 mg/Nm3.

Во овој период Макстил работеше со полн капацитет во двата производни погони, а притоа емисиите се далеку пониски и од дефинираните гранични емисиони вредности во А-интегрираната еколошка дозвола и од пропишаните европски гранични емисиони вредности.

Максималното намалување на емисионите вредности од Макстил е резултат на континуираните инвестиции во високо технолошки процеси за контролирање на производството како и одговорниот однос на компанијата кон заедницата и животната околина, и воедно претставува продолжување на компаниската определба за транспарентност на објавувањето на емисионите вредности.