Министерот за земјоделство на руската Федерација, Александар Ткачев изјави дека планот на неговото министерство е земјата во наредната деценија да го зголеми производството на пченица на 120 до 130 милиони тони годишно. За да ова биде остварена, направен е план, според Ткачев, колку секој од субјектите на Руската Федерација ќе придонесе за остварување на таа цел.

За годинава во Руската Федерација се предвидува род на пченица од околу 106 милиони тони.

Планирано е, исто така, извозот на пченица во земјоделската 2015/2016 година да се зголеми на 24 до 25 милиони тони, со што Русија би го потврдила својот статус на најголем светски извозник.