Цените на земјоделско земјиште во Русија минатата година забележа силен раст, потикнат од страна на побарувачката од домашни и странски купувачи.
Според податоците на “SovEkon”, консултантска компанија специјализирана за агрокомплексот, цената на земјоделско земјиште во јужниот дел на Русија во 2016 година се зголемила за 53%, во просек достигнувајќи 1.479 долари по хектар.
Цената на земјиштето во централниот дел на (европска) Русија се зголемила за 11%, во просек 544 долари по хектар, додека во регионот на Волга хектар земјоделско земјиште минатата година, чинел во просек 1.800 долари по хектар, или 25% повеќе од претходната година.
Сепак, најскапото земјоделско земјиште во Русија е далеку поевтино од фармите во ЕУ. Така, во најскапиот регионот во околината на Краснодар, каде што цената на хектар минатата година се зголемила за 60%, сепак, просечната цена од 2.100 долари е далеку помала од 5.800 долари по хектар во Романија и Литванија, нагласува SovEkon.
Руската консултантска агенција забележува дека во 2016 година се зголемил бројот на странски инвеститори, со забелешка дека во изминатите две години, инвеститорите од Запад биле заменети со инвеститори од Исток.
Најголемиот апетит за руското земјоделско земјиште покажа инвеститори од Персискиот Залив и Кина, чии вложувања се бројат во милијарди долари. Зголемен интерес покажале и купувачите од Виетнам, Тајланд и Турција.
-Не постои место во светот кое има подобри климатски услови и инфраструктура, и кое нуди подобри можности за инвестирање во земјоделското земјиште од Русија, – вели Андреј Сизов, извршен директор на SovEkona.