Продажни цени на индустриските производи на домашен пазар
Во јули 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи вкупно се пониски за 0.5 % на месечно ниво, а се повисоки за 1.1 % на годишно ниво.
Во јули 2018, во споредба со јуни 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, остануваат на исто ниво во секторот Рударство и вадење на камен, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 0.5 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.9 %.
Во јули 2018, во споредба со јули 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1.9 % и во секторот Преработувачка индустрија за 1.4 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 3.3 %.
Продажни цени на индустриските производи на странски пазари
Продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари, пак, во истиот овој месец се пониски за 0.2 % на месечно ниво, а се повисоки за 2.1 % на годишно ниво.
Во јули 2018, во споредба со јуни 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен и во секторот Преработувачка индустрија за 0.2 %.
Во јули 2018, во споредба со јули 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 9.3 %, а во секторот Преработувачка индустрија за 1.4 %. ( Државен завод за статистика)