Во јануари 2018 година продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0.4% на месечно ниво и за 1.9% на годишно ниво.
Во јануари 2018, во споредба со декември 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 1.4%, Енергија
за 1.1%, Интермедијарни производи, освен енергија за 0.2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.2%.
Во јануари 2018, во споредба со јануари 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Интермедијарни производи, освен енергија за 6.5%, Капитални производи за 1.8%, Трајни производи за широка потрошувачка за 1.7%, и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.6%.(Државен завод за статистика)